Просечна плата: Македонскиот работник на дното во регионот

Bez autora
Dec 22 2024

Во последните неколку години платите за прв пат имаа посериозна тенденција на раст, но тоа е резултат пред се на административни мерки – зголемениот минималец и покачувањата во јавниот сектор, како и одливот на работна сила во странство.

За реално да пораснат платите мора да порасне економијата. Изминативе години примањата на работниците растеа со побрзо темпо од економијата. Ова резултира со пад на продуктивноста, тоа е проста економска логика – продуктивноста се пресметува по формулата сооднос меѓу Бруто домашниот производ и бројот на вработени.

Освен ниската продуктивност, ограничувачки фактор за раст на платите сеуште е и стапката на невработеност.

Сепак, ова полека се менува. Работодавачите до неодамна едноставно штедеа на работниците бидејќи сметаа дека лесно може да ги заменат. Ова е се помалку застапено, компаниите сфатија дека е тешко да најдат и да задржат добар работник, особено квалификуван. Натамошниот пад на невработеноста ќе резултира и со раст на просечната плата.

Во последните десет години просечната плата во Македонија пораснала за околу 94%.

Просечната плата во октомври 2014-та била 21.717 денари, а со последната обајава на Државниот завод за статистика, просечна плата во октомври 2024 изнесува 42.134 денари(685 евра).

И покрај континуираниот раст, Македонија останува закотвена речиси на дното во Европа според висината на просечната плата.

Подобро од нас заработуваат работниците во Србија, во просек 822 евра месечно, во Босна и Херцеговина земаат 720 евра, во Црна Гора 944, во Хрватска 1.340 и во Словенија 1.514 евра месечно.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik